Едноставен колач а толку вкусен, мора да го пробате. Колачот е старински и уште одамна го приготвуваа нашите мајки и баби.

Потребни состојки:

550 мл јогурт
100 мл масло
250 г шеќер
2 лажици какао
300 г брашно
2 лажички сода бикарбона

За глазура:

180 г путер
120 мл млеко
120 г шеќер
120 г чоколадо за готвење

Постапка:

Во еден сад ставете 550 мл јогурт на собна температура. Додадете 100 мл масло и 250 г шеќер. Во смесата додадете 2 лажици какао во прав и 300 г брашно.

На крај ставете и 2 лажички сода бикарбона па промешајте со жица за матење додека да добиете мазна полутечна смеса, без грутчиња.

Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина или тркалезен калап за торти, претходно намастен со малку путер или масло. Израмнете и ставете да пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Печениот колач оставете го да излади, а за тоа време пригответе ја глазурата: во еден сад ставете 180 г путер и растопете го на тивок оган. Додадете 120 мл млеко, 120 г шеќер и 120 г чоколадо за готвење.

Промешајте убаво додека сите состојки да се растопат и изедначат, па прелијте ја глазурата преку изладениот колач. Оставете да се стегне, па сечете го на коцки. Одозгора може да декорирате со рендано чоколадо. Деталите погледнете ги во видеото: