Поради својата нежна градба, тиквичките се многу чувствителен и лесно расиплив зеленчук. Чувајте ги неизмиени во пластични кеси во фрижидер, но не подолго од 7 дена. И најмалите оштетувања на сјајната кора, многу брзо доведуваат до пропаѓање и расипување. Лесно се замрзнуваат, со претходно кратко бланширање.
Време за приготвување: 25 минути
Потребни состојки:
400 г тиквички
75 г брашно
40 г пармезан
1 китка влашец (или листови од млад кромид)
1 китка магдонос
1 јајце
2 мали лажички оригано
Сол
Црн пипер
Мускантно оревче
Масло за пржење
Постапка:
Тиквичките изрендајте ги на крупната страна од рендето, посолете и оставете од нив да излезе сокот, па исцедете ги.
Во подлабока чинија ставете: јајце, брашно, зачини и пармезан. Додадете исечкани зачински билки, ренданите и исцедени тиквички па добро измешајте.
Формирајте плескавици и пржете ги во врело масло.
Пржените плескавиците редете ги на книжна салветка за да се впие вишокот масло, па сервирајте во чинија.