Home Здравје Невидлива болест ги убива мажите на Балканот! Проверете дали сте безбедни

Невидлива болест ги убива мажите на Балканот! Проверете дали сте безбедни

Ракот на панкреас е подмолен убиец. Нема никакви симптоми, а кога ќе се открие, остава многу мали шанси за преживување.

​

Вид на рак кај кој се бележи најмал процент на излечивост е токму ракот на панкреас, кој спаѓа во ретка, но исклучително подмолна болест.

Излечлив е само кај 3% од заболените, а петгодишното преживување е забележано кај само 15-20% од пациентите.

Според последните статистички податоци, овој рак ќе стане четвртиот по ред најсртоносен облик на рак во Британија до 2026., бидејќи доцната дијагноза за многумина ја исклучува спасоносната операција.

И на Балканот и кај нас оваа болест е во пораст последниве години, а од неа заболуваат и умираат повеќе мажи отколку жени.

​

Ракот на панкреас предизвикува абнормален и неконтролиран раст на клетките во панкреасот – голема жлезда во дигестивниот систем.

<

Еден од најголемите проблеми кај малигниот тумор на панкреасот е тоа што многу доцна предизвикува тегоби, па кога ќе се открие, најчесто во најнапреден стадиум, тогаш не е можно хируршки да се отстрани.

Статистиката покажува дека повеќе од 95% од заболените со рак на панкреас умираат во текот на првите две години после дијагнозата. Околу половина од сите нови случаи се јавува кај луѓе на возраст од 75 и повеќе години, а еден во 10 случаи е генетски условен.

​

Најчести фактори на ризик се постара годишна возраст, пушење ( причина во 20-30% од случаите), исхрана претерано богата со масти, а сиромашна со овошје и зеленчук, дебелина, намалена физичка активност, како и рани болести како што се панкреатитис, дијабетес и цироза на црниот дроб.

Најчесто заболуваат луѓе кои во најблиската фамилија веќе имало заболени од рак на панкреас, рак или полипоза на дебелото црево, наследен рак на дојка, панкреатитис, меланом и рак на јајници.

​

Се предвидува дека до 2026. Секоја година од оваа болест ќе умираат 11279 луѓе само во Велика Британија – што е повеќе за 28% отколку во 2014 година.

​

Така канцерот на панкреас ќе биде четврт најголем убиец после ракот на бели дробови, црева и простата, предизвикува британското здружение за борба против рак на панкреас.

​

Бидејќи се’ уште не постојат медицински методи за рана дијагностика на овој канцер, кај повеќето пациенти овој рак се открива предоцна за да бидат подложени на спасоносната операција.

​

СИМПТОМИ И ПРЕВЕНЦИЈА:

Се препорачува зголемено консумирање на овошје, зеленчук и житарици, а намалено консумирање на црвено месо.

Се претпоставува дека консумирањето на витамин Д го намалува ризикот од појава на овој рак, но и вклучување на витамини од Б групата, Б12 и Б6, кои ги има во рибата, школките, млечни производи, јајца, телешко, интегрален леб, телешки џигер, соини ркулци, мешунки и пиперки.

​

Почест е кај мажите отколку кај жените.

​

Кога симптомите на болеста ќе се јават, директно зависат од локализацијата и големината на туморот.

Главно се јавува болка во горниот дел од стомакот или во грбот која често се шири под лопатката, се зголемува после јадење или при лежење, а попушта обично при наведнување кон напред.

​

СИМПТОМИ:

Општа слабост, губиток на апетитот и значителен губиток на тежината, а може да бидат присутни и мачнина и повраќање дури и подолго време после земање на оброк, но и жолтило на кожата, очите и темна мокрача.

Често се јавуваат анорексија и депресија. Со преглед обично се открива жолтица, хепатомегалија (зголемен црн дроб), болна чувствителност во абдоменот или пак самиот тумор може да се почувствува на допир со притисок на стомакот, токму како и зголемената жолчна кеса.

Сепак, клиничката слика и прегледот на пациентот може да бидат и без овие симптоми.

​

За карциномот на панкреас се вели дека е подмолна болест, бидејќи во времето на поставување на дијагноза во 85% од случаите тој веќе се проширил во локалните структури или метастазирал на црниот дроб и белите дробови.

​

Само 8% од луѓето дознаваат дека имаат смртоносен рак на време за да можат да се подложат на операција и поминат низ комплетна процедура за лечење.

​

Кога станува збор за лекувањето, прогнозите се многу лоши. Делумно отстранување на панкреасот или отстранување на панкреасот и дванаестпалечното црево е единствено што евентуално може да доведе до излекување.

Меѓутоа, туморот е можно да се отстрани кај речиси 15% од болните, а излечлив е кај само 15-20% од заболените, а хемотерапија и радиотерапија можат да го продолжат животот.

​

Но доколку се прошири на соседните ткива, многумина не проживуваат ни шест месеци, покажува статистиката.

​

Доколку ракот бил откриен доволно рано за да може да се оперира, една четвртина од луѓето со оваа дијагноза би живееле уште пет или повеќе години.

​

Бидејќи секоја година во Британија околу 10 000 луѓе откриваат дека имаат рак на панкреас, а тој број е петпати поголем од САД, британското здужение за борба против рак на панкреасот, владата и водечките медицински истражувачи вложуваат огромни средства како би ги забрзале методите за рано откривање на овој невидлив убиец.