Масните наслаги на работните површини во кујната се “ноќна мора” за секоја домаќинка. Хемиските средства кои се продаваат во продавниците се скапи и најчесто неефикасни.

Некои од нив, освен што нема да ги отстранат маснотиите, можат и да ги оштетат работните површини.

Еден од најпроблематичните кујнски апарати за чистење е шпоретот. Тој изобилува со нерамни површини од кои е навистина тешко да се отстранат маснотиите.

Освен визиулниот ефект, чистењето на шпоретот е многу важно и од здравствен аспект, бидејќи, загорените и замастените површини се одлична “почва” за развој на многу патогени бактерии кои можат да ја заразат храната која следниот пат ќе се подготвува.

Рецептот за домашен отстранувач на маснотии кој ќе ви го понудиме е апсолутно безбеден, а се приготвува за само неколку секунди. Рецептот е многу едноставен.

Бидејќи, се’ што е генијално, всушност е многу едноставно и достапно, а работните површини ќе бидат повторно беспрекорно чисти!

Потребни состојки и подготовка:

– 100 милилитри медицински алкохол

– 1 лажица вински оцет

– 1 лажица сода бикарбона

– Топчиња вата (поголеми)

– Стара четкичка за заби

Подготовка:

Алкохолот, оцетот и сода бикарбоната промешајте ги, а потоа со ватата нанесете на валканите површини.

Оставете неколку минути, а потоа со четкичката која исто така сте ја навлажниле со растворот истријте ги површините.

На крајот, пребришете со сува памучна крпа.

НАПОМЕНА:

Пред да ја започнете постапката, одберете една мала површина на шпоретот и нанесете од смесата само на тоа место, за да проверите како ќе реагира материјалот од вашиот шпорет.

Исто така, бидејќи работите со алкохол, бидете сигурни дека вашите рингли се исклучени.