Спас во заден час – за 30 минути добивате прекрасна чоколадна торта!

Готова е додека да трепнете а притоа е и многу поздрава верзија од омилениот десерт….

Наместо денот да го поминете покрај рерна во кујната, слаткиот и брз спас се крие во овој рецепт за чоколадна торта а за нејзино приготвување ви се потребни само половина час…

Потребни состојки:

– 60 г какао во прав

– 180 г брашно

– малку сол

– прашок за печиво

– 40 г шеќер или прстофат стевија (имајте на ум дека стевијата е многу послатка од шеќерот, па затоа ако ја користите-потребна ви е многу помала количина)

– 12 мали лажици кокосово или друго

– 160 мл млеко по избор (оризово, кравјо, бадемово)

– половина лажичка екстракт од ванила или половина кесичка ванилин шеќер

Постапка:

Измешајте ги сувите состојки, па додадете ги течните и сето добро измешајте го. Смесата излејте ја во помал калап за торти и печете 15 минути во рерна на температура од 170 степени.

Loading...