Лудите батаци ќе ве остават без здив и со својот изглед, но ќе ве воодушеват и со вкусот. Ова е ручек кој секој го памти. Многу необичен изглед и совршен вкус.
Потребни состојки: 4 батаци, 2 поголеми компири, 2 јајца, 1 лажичка црвен зачински пипер во прва, 1 коцка за супа, сол и црн пипер, 150 г тврда моцарела или кашкавал по избор, 1 млад кромид, брашно, презла, масло за пржење
Постапка: Во поголемо тенџере со вода ставете ги батаците да се варат. Кога ќе зоврие водата додадете коцка за супа. Додека се варат батаците, излупете ги компирите и исечкајте ги, па ставете ги и тие да се варат. Посолете и запиперете.
Проверете со виљушка дали компирот е варен, па потоа исплакнете го со ладна вода, исцедете го и изгмечете го како за пире. Зачинете со сол, сув зачин, црн пипер и една лажичка црвен пипер во прав. Младото кромитче ситно исечкајте го, па додадете го и него. Убаво промешајте за да се изедначи.
Варените батаци извадете ги и оставете ги малку да изладат за да можете да ја извадите кожата и коските. Големите бутни коски сочувајте ги, ќе ви бидат потребни за подоцна, а месото ситно исечкајте го или исцепкајте го со прсти.
Иситното месо додадете го во пирето, па додадете рендан кашкавал или моцарела. Промешајте или со рака замесете ја смесата. Со лажица зафатете поголема количина врз дланката, ставете коска, поклопете и формирајте топка како батак.
Во една чинија изматете јајца, во друга ставете брашно, а во трета ставете презла. Формираниот батак извалкајте го прво во брашно, па потоа во јајце, а на крај во презла.
Вака приготвените батаци пржете ги во длабоко масло и пржете ги на умерена температура додека да зарумени од двете страни. Деталите погледнете фи во видеото: