Ова е еден стар и проверен рецепт за ролат со вишни кој многу е вкусен и едноставно се приготвува. Во тестото за кора не се става прашок за печиво.
Потребни состојки:
5 јајца
5 лажици брашно
5 лажици шеќер
2 ванилин шеќер
100 г вишни (одмрзнати и исцедени)
200 г крем сирење по желба
2 до 3 лажици џем од вишни
1 до 2 лажици шеќер во прав
плех 40х30 см
кората се пече 10 минути на 180 степени
*Јас користев џем без шеќер, што значи дека треба да внимавате да не ви излезе премногу слатко. Во таков случај, може да ставите помалку шеќер.
Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги со миксер и постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Матете додека да добиете цврст снег и шеќерот да се растопи.
Ви изматените белки додавајте една по една жолчка и матете со миксерот додека да се соедини и изедначи. Во изматените јајца додадете исцедени вишни и промешајте со шпатила или лажица, па додадете го брашното. Внимателно мешајте за да остане смесата пенлива.
* Исцедените вишни можете да ги додадете и на крај кога ќе ја излеете смесата во плех, пред печењето.
Добиената смеса излејте ја рамномерно во намастен и обложен со хартија плех со димензии 40х30 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10 минути. Печената кора заедно со хартијата свиткајте ја во ролна и така оставете ја да излади.
Фил: крем сирењето изматете го со 2 полни лажици шеќер во прав. Изладената кора одлепете ја од хартијата, па премачкајте ја со изматеното крем сирење рамномерно, преку целата површина. Потоа одозгора премачкјате со неколку лажици џем од вишни.
Свиткајте го ролатот, малку притиснете го со раце, одозгора наросете го со шеќер во прав и веднаш можете да го сечете и да го послужите. Деталите погледнете ги во видеото: