Home Здравје Мевлем кој ќе избрише најмалку 10 години од вашето лице – ја...

Мевлем кој ќе избрише најмалку 10 години од вашето лице – ја враќа еластичноста и ги пегла брчките

Со причина го нарекуваат еликсир на младоста. Овој едноставен мевлем на кожата и ја враќа еластичноста и убавината, на косата и ја враќа природната боја и волуменот, а оние кои го пробале велат дека покрај другото и подобро гледаат.

Народната медицина има решение за сè, па и за сочувување на младешкиот изглед на кожата. Нема да ви бидат потребни скапи креми, серуми, масли, ниту козметички третмани.

За да и го вратите сјајот и еластичноста на вашата кожа ќе ви бидат потребни само неколку состојки и решителност за редовна употреба на производот. Добро запамтете го овој рецепт или уште подобро, запишете си го, доколку сакате да се подмладите и да изгледате 10 години помладо.

Во комбинација со правилна, здрава исхрана и физичка активност, оваа мешавина ќе придонесе за добар изглед, но и одлично чувство. Овој мевлем има способност да поттикне регенерација на клетките, но и позитивно ќе делува врз функционирањето на целиот организам.

Потребни состојки:

100 мл масло од ленено семе
2 лимони
1 главица лук
500 г мед (една тегла)

Постапка:

Исчистете го лукот и поделете го на чешниња, па секое посебно внимателно исчистете го од лушпата. Еден лимон излупете го, а другиот убаво измијте го во раствор од сода бикарбона.

За оваа смеса потребно е едниот лимон да го искористите заедно со кората. Извадете им ги семките. Состојките сомелете ги или изблендирајте ги во еднолична смеса.

Во смесата од мелен лимон и лук додадете сто милилитри масло од лелено семе и половина килограм мед. Добро промешајте до изедначување.

<

Смесата се чува во фрижидер во затворена стаклена тегла. Се консумира трипати дневно по една лажичка половина час пред оброк.

КАКО ДЕЛУВА НА ОРГАНИЗМОТ?

Лененото масло е растителен хормон и содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина. Претставува побогат извор на омега 3 масни киселини дури и од рибиното амсло. Овие масти играат клучна улога во одржувањето на младешкиот изглед и спречуваат прерана појава на брчки.

Исто така, претставува и растителен извор на лигнани, важни антиоксиданти, а во комбинација со лимонот, ефикасно го чисти црниот дроб и жолчните канали. Витаминот Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го јакне имунитетот и крвните садови.

За лимонот се вели дека е “лек за сè”. Тој го подобрува тенот, ја враќа еластичноста, ја регенерира кожата и косата, го подига имунитетот и успешно се бори против стресот. Лукот го чисти телото од токсини, додека медот го снабдува со нутриенти, односно микроелементи во крвта кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.