Чајот од кумин, коријандер и коморач е одлично средство за детоксикација и ефикасно слабеење. Состојките кои се подолу наведени со нивните латински имиња, побарајте ги од Билна аптека или во некој од поголемите супермаркети.
Чајот од кумин, коријандер и коморач веќе долго време се користи во природната медицина како одлична помош при дигестивни тегоби како што се подуеност и лошо варење на храната.
Овој чај помага и во елиминација на масното ткиво, има детокс ефект и делува против депресија.
Иако чајот има малку необичен вкус, тој е многу лековит и здрав. Може да го користат доилки и деца, под надзор на лекар.
За приготвување на чајот ќе ви бидат потребни суви и цели зрна од семињата на коријандер, комороач и кумин кои најдобро е да се сомелат непосредно пред самото приготвување на чајот.
За дополнителен вкус додадете малку цимет и сиров мед, па исцедете малку свеж сок од лимета или лимон. Моќната билна тројка за добро варење и виткост:
-
Коријандер (лат. Coriandrum sativum)
Зачинската билка – коријандерот има силен детоск ефект. Семето веќе со илјадници години се користи во земјите од Азија и Медитеранот. Одамна е познато дека овој зачин ја поттикнува дигестијата и делува против констипација, а ги ублажува и болките.
Се применува и за дишење и за уринарни тегоби и кај пореметувања на нервниот систем. Освен што поттикнува елиминација на отровите од организмот, коријандерот го забрзува метаболизмот, па затоа е одлична помош за слабеење.
-
Коморач (лат. Foenicum vulgare)
Коморач или слаткиот копар спаѓа меѓу најстарите познати лековити билки. Неговите лековити својства ги познавале уште древните Египќани, Кинези, Грци и Римјани, а го користеле при разни заболувања – од белодробни и желудечни тегоби, па сè до убоди од отровни скорпии, како и за помош при слабеењето и губењето на вишок килограми.
Оваа самоника и ароматична билка делува карминативно (против подуеност и други дигестивни тегоби), и како спазмолитик (против грчеви во дигестивниот систем). Коморачот е одличен за доилки, бидејќи поттикнува лактација.
-
Кумин (лат. Cuminum cyminum)
Овој зачин кој потекнува од Египет, има долга историја на примена. Претставува одличен извор на железо и манган, па се смета за одлично средство за здравје на женскиот репродуктивен систем.
Чајот можете да го пиете и во вечерните часови, бидејќи има релаксирачки ефект или пред извршување на работните задачи, бидејќи ја подобрува концентрацијата.
РЕЦЕПТ
По една лажица од трите зачини свежо сомелете ја. Добиениот прав варете го 10-тина минути во 600-700 мл вода. Потоа процедете. Ако чајот го користите за слабеење, тогаш најдобро е да не го засладувате. Се пие трипати во денот, топол и пред оброк, па затоа е најдобро да си го чувате во термос.
Доколку сакате видно да ослабете доста килограми, покрај овој чај потребно е да се придржувате и на некоја рестриктивна диета која вам најмногу ви одговара и да бидете физички активни. Чајот ќе го активира и ќе го забрза процесот за разградување на масните наслаги и исфрлањето на вишокот килограми.