Ќе се изненадите од мекоста, а истовремено и од крцкавоста на ова пита-лепче. Вкусно, мирисно и меко како душа.
Потребни состојки: 100 мл вода, 200 мл млеко, 50 мл масло, 10 г квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер и 600 г брашно. За фил: 200 г рендан кашкавал, 1 жолчка за премачкување и малку сусам за наросување
Постапка: Во подлабок сад ставете 100 мл млака вода, 200 мл млако млеко, 50 мл масло, 10 г растопен квасец, 1 лажичка сол и 1 лажичка шеќер. Промешајте убаво и оставете 10-тина минути да се активира. Потоа постепено додадете 600 г брашно и промешајте прво со лажица, а потоа и со рака додека да добиете средно меко, мазно тесто.
Тестото ставете го во чист и намастен сад, намастете го одозгора и покријте го со проѕирна фолија. Оставете да го стасува еден час додека да се удвои.
Потоа префрлете го врз работна површина и поделете го на два дела. Размесете ги малку тестата и формирајте две топки. Од секоја топка со оклагија развлечете тенка кора.
Врз едната половина од кората наросете 100 г рендан кашкавал. Потоа поклопете ја, така да добиете полукруг. Истото направете го и со второто тесто. Пита-лебовите префрлете ги во плех обложен со хартија, а одозгора премачкајте ги со жолчка и наросете ги со сусам.
Со остар засечете ги со хоризонтални линии, оставете ги малку да одморат, па ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени додека убаво да заруменат. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: