Вака брзо приготвена пита ќе ве спаси во секоја ситуација. Ви ја предлагам оваа пита со фил од месо, но секако, вие можете да ја приготвите со фил по ваш вкус, сладок или солен, по ваш избор.

Потребни состојки:

2 јајца
½ лажичка сол
1 шолја (од 250 мл) јогурт на собна температура
1 шолја брашно
1 лажичка сода бикарбона (или прашок за печиво)

за фил:

300 г мелено месо
2-3 главици кромид
сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Состојките се мал калап или тепсија, а висе слободно зголемете ги двојно или тројно, во зависност од количината што сакате да ја добиете.

Измешајте го јогуртот со содата и оставете да отстои 5 минути. Потоа додадете ги останатите состојки за тесто и добро промешајте.

Тепсијата во која ќе ја печете питата намастете ја со масло или путер, па малку наросете ја со брашно, а вишокот истресете го.

Значи, како што напоменав, за оваа количина не е потребна голема тепсија (јас користам тркалезна со 20 см во пречник), а за двојна количина користете поголема.

Излејте половина од тестото во тепсијата, рамномерно наредете го филот, па одозгора прелијте го вториот дел од тестото.

Ставете да се пече во загреана рерна и печете 40 минути на 170 степени.

uspesnazena.com