Многу, многу вкусни. Однадвор крцкави, внатре сочни, многу добар вкус. Самата подготовка е многу брза и поеднаставна, бидејќи се пече во рерна и не троши многу масло. Уживајте во рецептот и комбинирајте го со салати, сосови или прилог од зеленчук.
Потребни состојки: 2 средни тиквички, 4 јајца, 150 г пармезан, 3 лажици сусам, 5 лажици презла, 3 лажици брашно, сол и масло (2 лажици за цела тепсија)
Постапка: Тиквичките добро измијте ги и исечете ги на тркалца или надолжно на тенки ленти. Посолете ги и оставете ги малку да ја испуштат течноста од нив. Потоа процедете ги.
Во еден сад измешајте брашно, презла, пармезан, сусам, а во друг сад изматете ги јајцата и посолете ги.
Секоја тиквичка прво натопете ја во јајцата, па во мешавината од пармезан, па повторно во јајца и на крај во сувата мешавина.
Вака подготвените тиквички редете ги во плех обложен со хартија за печење и малку намастен со четка натопена во масло.
Врз секоја тиквичка ставете по некоја капка масло, па ставете да се печат приближно 20-25 минути во загреана рерна на 200 степени.
Уживајте додека се топли, но и кога ќе изладат се супер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: