Ако сакате да бидете витки оваа пролет, тогаш дефинитивно треба да го пробате овој вкусен и совежителен напиток.
За среќа, бананата е вид на овошје кое е дозволено да се јаде кога сте на диета, затоа што ова суперовошје содржи големи количини на калиум кој помага да се исфрлат токсините од организмот.
Покрај тоа, бананите во комбинација со ленено семе спанаќ може да го забрза метаболизмот, а со самото тоа да поттикне слабеење. За да се ослободите од салото на стомакот, ви препорачуваме да го пробате овој рецепт, уште денес!
Лесно се приготвува, доста е евтин и за неколку дена редовно консумирање ќе забележите дека имате потесна половина.
Потребни состојки: 1 банана, 1 портокал, ½ шолја немасен јогурт, 1 лажица кокосово масло, 1 прстофат ѓумбир во прав, 2 лажици мелено ленено семе и 2 лажици сурутка во прав
Постапка: Во блендер измешајте ги сите состојки. Обратете внимание добро да бидат сомелени во еднолична смеса. По потреба додадете негазирана минерална вода за малку да го разредите напитокот, но не премногу.