Баклава ролнички со ореви и гриз – Посно.
Потребни состојки:
500 г тенки кори
за фил:
300 г мелени ореви
100 мл масло
100 мл вода
2 кесички ванилин шеќер
4 лажици шеќер
4 лажици пченичен гриз
За премачкување:
150 г маргарин/путер
50 мл масло
за сируп:
500 мл вода
350 г шеќер
1 лимон
Постапка:
Состојките за фил измешајте ги. Растопете го маргаринот, па додадете масло. Раширете една кора, премачкајте ја со две лажици од преливот, врз неа ставете втора кора, па премачкајте ја со една лажица прелив.
На едниот крај од кората ставете фил, добро притиснете за да не се растура, па започнете со виткање во цврст ролат.
Вака приготвените ролати редете ги во голем намастен плех, а потоа исечете ги на помали ролнички со величина по ваша желба.
Одозгора добро премашкајте ја целата баклава со преливот, па ставете да се пече на 200 степени околу половина час.
Печената баклава оставете да излади, а потоа прелијте ја со врел шербет.
За шербет: Ставете да се свари шеќерот со водата и лимонот исечен на тркалца, околу 15 минути откако ќе зоврие.
Прелиената баклава оставете ја најмалку 4 часа да отстои, а најдобро до следниот ден. Уживајте во оригиналниот рецепт: