Колачот има неколку нивоа на вкусови, а се приготвува од состојки кои сите ги имаме во кујната.
Потребни состојки: 6 жолчки, 6 лажици шеќер, 200 г маст (250 г маргарин или путер), 4 лажици млеко, 1 прашок за печиво, 10 лажици брашно. Колачот се приготвува во калап со димензии 25х35 см.
Потоа, ќе ви бидат потребни и: 5 лажици џем од кајсии, 1 шака сечкани ореви, 6 белки, 18 лажици шеќер и 1 лажица алкохолна киселина (бел оцет)
Постапка: Најпрво маста (или путерот) изматете ја со 6 лажици шеќер, 6 лажици жолчки и 4 лажици млеко. Во друг сад измешајте 10 лажици брашно и еден прашок за печиво. Откако пенасто ќе ја изматите маста со жица или миксер, додадете го брашното измешано со прашокот за печиво и убаво со соединете.
Се добива ровко тесто. Рерната загрејте на 180 степени. Калапот со величина 25х35 малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Распоредете го убаво тестото и ставете го да се пече околу 15-тина минути.
Додека се пече кората изматете ги белките, најпрво без шеќер, па откако ќе се добие снег, додадете 18 лажици шеќер и продолжете со матење додека да се растопи. Пред крај додадете една лажица лимонов сок или бел оцет и матете додека да добиете цврст снег.
Откако кората ќе се испече, одозгора ставете околу 5 лажици џем од кајсии (или по желба), може да наросите и сечкани оревчиња.
Врз премачканата кора распоредете го снегот од белки и израмнете. Вратете во рерна на 100-125 степени уште 15-тина минути за да се исушат белките и да фати коричка (малку одозгора да фати коричка). Врз шамот по желба можете да наросите малку мелени ореви. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: