Кога велиме дека некои одредени чувства не трујат, тоа не е само поетско искажување. Ако не верувате, погледнете како емоциите влијаат врз поедини органи и како тие се тесно поврзани со труењето на телото.

1.ЛУТИНА

Кога сме лути, доаѓа до застој во работата на црниот дроб. Оттаму потекнува изразот “ми оди на црн дроб” или “ми го изеде црниот дроб”. Зошто за она што не лути не велиме дека ни ги оштетува бубрезите или белите дробови?

Очигледно, повеќевековната природна мудрост го знае истото што и традиционалната кинеска медицина. Вистината е секогаш една, без разлика на тоа дали сте Европјанин, Индиец или Кинез.

Чувството на лутина оневозможува нормална работа на црниот дроб што е од особено значење за чистење на нашата крв. Ако црниот дроб е блокиран, тогаш сме затруени!

2.ТАГА

Слично се случува и при чувството на жалост (тага) со што се саботира работата на нашите бели дробови – вториот орган задолжен за детоксикација. Како дишете кога сте тажни? Дали длабоко и опуштено? Не!

Тогаш повеќе може да се каже дека дишете како риба –плитко и во грч. Затоа не е случајно кога велиме дека “тагата не задушува”.

Тагата непосредно влијае врз дишењето и дебелото црево и затоа, тогаш дишеме плитко и имаме потешкотии со исфрлањето на фекалиите – опстипација.

Последицата од едното или другото е задржување на отровите во телото кои не сме ги исфрлиле преку дишењето или столицата.

Крвта не добива доволно кислород и во неа се задржува премногу јаглероден диоксид. Тоа спречува пренос на одредени хранливи материи, и во краен случај, дури ги тера некои клетки да се прилагодат на дејство без кислород (така настануваат клетките на ракот).

3.СТРАВ

И третиот орган за детоксикација, бубрезите, се под силно влијание на чувствата. Бубрезите и мочниот меур се под најголемо влијание на стравот. Сигурно ви се познати изјавите “се смрзнав од страв” или “пребледев од страв”.

Тоа се случува кога бубрезите под влијание на стравот, одеднаш започнуваат да се грчат па доаѓа до застој во филтрирањето и чистењето на крвта.

Како последица на ова доаѓа до пореметување на циркулацијата на крвта, поради што ни “смрзнуваат” екстремитетите.

Ако стравот трае подолго време, последиците се уште потешки. Бубрезите влијаат и врз мускулите кои го стегаат вратот на мочниот меур и анусот.

Ако се блокирани од страв доаѓа до нивно попуштање и неможност за контролирање на сфинктерите и неконтролирано испуштање на столицата и урината.

4.ГРИЖА

Грижите не трујат непосредно. Чувството на грижа го погодува нашиот дигестивен систем, првенствено желудникот, слезината и панкреасот. Често можеме да слушнеме дека некој има “грчеви од грижи”.

Факт е дека тогаш настанува грч на органите за варење па не можат правилно да функционираат. Затоа, и најквалитетната храна може да стане отров во телото бидејќи неправилно се дигестира, а започнува и процес на вриење во системот за варење и заостанување на храна во згрчените органи.

Затоа, наместо добро соџвакана храна, со киселина и ензими за нејзино разградување, во нашите црева доаѓа полусварена храна која претставува одлична подлога за патогените организми и нивните отпадни производи кои брзо не трујат.

5.ЗАВИСТ

А што е со зависта? Отровноста на зависта ја чувствуваме во секојдневните случувања, насекаде околу нас. За завистните луѓе велиме дека имаат “тврдо срце” и тоа е многу точен опис.

Зависта го погодува срцето и тенкото црево. Желбата за се’ поголемо и поголемо богатство се огледа во аритмиите и неправилната работа на срцето. Зависта и алчноста успешно ги создава и претходно споменатите чувства.

Кој живее во постојан страв дека би можеле нешто да му одземат, да му пропадне, или се оптеретува со стекнување на повеќе, многу брзо започнува да ги доживува и другите, погоре споменати чувства.

Овие пет отрови се основа за повеќето болести на денешницата. Кога континуирано се повторуваат и непрекинато погодуваат некој орган, создаваат слаба точка или “Locus minoris”.

Па така, кај повеќето тажни луѓе се создаваат хронични проблеми со дишењето (астма, бронхитис), кај вечно загрижените, се јавуваат потешкотии со дигестијата, кај секогаш бесните и лути луѓе се јавуваат проблеми со црниот дроб, кај постојано исплашените доаѓа до побелување на косата и потешкотии со репродуктивните органи, потешкотии со циркуалцијата и воспаление на уринарните патишта…