Канцерогените заболувања завземаат високо место од сите заболувања, како во светски рамки, така и кај нас.
Ракот добива веќе епидемиски размери. Научниците се обидуваат да дојдат до вакцина која би го спасила човештвото, но засега без резултат.
Најголема дилема на денешнината е зошто канцерогените заболувања се во огромен пораст, за разлика од минатото, дали тоа се должи на храната, неправилниот стил на живеење, стресот, или можеби како комбинација на сè заедно.
Како да превенирате или откриете на време:
Кај мажите, најподложни органи на канцерогени клетки се белите дробови, простатата (после 50. година од животот) и ракот на дебелото црево.
Мажите над 45 – тата година од животот, треба барем еднаш годишно да направат тумор маркери на простата, како и ехо и ректален преглед на простата.
Во поглед на останатите два ризични органи, превенција би било стилот на живот, но и генетските тестови, кои со прилично голема сигурност би укажале на што треба да се обрне внимание.
Најчести видови канцер кои ги напаѓаат жените се ракот на матката и градите.
Порано се сметаше дека редовните медицински прегледи треба да се спроведуваат еднаш годишно, но последните научни истражувања покажуваат дека ракот на града, може да се развие во висок стадиум дури и за неколку месеци.
Затоа, жените треба да одат на Мамографија и да направат ПАП тест, еднаш на шест месеци.
Многу е важно, доколку има некаков почетен стадиум на болеста, таа да се сочека на време, да се лоцира и хируршки да се отстрани малигнитетот, дури не се проширил на останатите органи, кога за жал, можеби би било предоцна за било што да се направи.
Особено внимание и двата пола, а особено мажите, треба да обрнат и на кардиоваскуларните заболувања, кои исто така се во пораст.
ЕХО дијагностиката треба да се спроведува еднаш годишно. Таа ќе даде важни параметри во однос на срцето и крвните садови, ширината на аортата, проодноста на каротидите…
Нешто што исто така треба обавезно да се прави, како би се превенирал срцев удар, е СТРЕС ТЕСТ. Минимум еднаш годишно!
П.П.