Едноставни трикови кои проверено функционираат.
Слободното време кое одеднаш ни се укажа, би требало паметно да го искористиме – Доколку немате двор, градина или бавча, не е проблем, сепак можете да одгледувате зеленчук на вашиот балкон. А доколку имате градина, уште подобро.
Еве како лесно и успешно да одгледате морков, тиквички и кромид во градината или во саксии.
За одгледување на морков во градина, прво треба да го “протресете” тлото со гребло и да додадете малку ѓубриво. Се сее плитко во редови кои треба да бидат на растојание од 35-40 см.
Ако садите во саксија, тогаш ќе ви биде потребна некоја подлабока жандињера и тркалезна сорта морков кој нема долги корења.
За тиквички прво треба да знаете дека заземаат доста простор, па треба да ги садите малку подалеку од останатиот зеленчук во градината.
Одлично успеваат на хумусна земја и на такво тло растат побрзо и побогато во текот на целото лето, па дури и на почетокот од есента.
Редовно берете ги младите плодовите и не им дозволувајте да пораснат толку, за да се развие семе во нив.
Кромидот се сади од луковици кои се втиснуваат во земјата, со остриот крај нагоре.
Важно е да се заштитат од суд и мокра почва, бидејќи кромидот е многу чувствителен на вишок влага. Ако сакате младо кромитче, посадете ги луковиците густо, речиси една до друга, па вадете ги по потреба.
За одгледување на цели главици потребно е да се прави поголемо растојание помеѓу нив.
We are a professional manufacturer of protective equipment.