Сладок Пелин (lat. Artemisia Annua)
Пишува билкарот Мартин Најдовски.
Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.
Една од четирите врсти на пелинот е и Слаткиот пелин. Сите пелини си имаат различна употреба и сите имаат различни супстанции кои се лековити.
Слаткиот пелин е билка која се одгледува кај нас во Македонија а најмногу во Азија.
Мирисот на оваа билка е толку убав што во повеќето турски куќи го одгледуваат како цвеќе! Расте до 2,5 метри и сака сонце. За слаткиот пелин многу и не се зборува бидејќи е испитувана многу подоцна, но, она што се знае за неа од пред 1000 години е дека Кинезите ја употребувале како лек против маларија и хемороиди.
Главниот елемент кој се наоѓа во листот е Артемисинот. Таа содржи и етерично масло. Билката делува антивирусно, антипаразитско, антиканцерогено и антигабично.
Многу и не се зборува за оваа билка, но искрено ви кажувам дека нема подобра билка кога станува збор за ракот. Некои испитувања покажале дека може да ги запре метастазите за само 16 часа и постепено да делува на намалување на истиот.
Железото го носи артемисинот директно кај ракот па е пожелно да се пие железо додека се конзумира оваа билка за таа намера, може на пример да се пие чај од коприва.
Научните истражувања покажале дека канцерогените клетки имаат повеќе железо од нормалните клетки, па артемисинот кога ќе дојде во контакт со железото ги ослободува неговите слободни радикали па со тоа доаѓа до поништување на истите.
Како билка се употребува за лекување на Ешерихија и Хеликобактер поради нејзиното антибактериско својство.
Дава одлични резулати за лекување на рак на белите дробови, рак на уста, рак на црн дроб и јајници, на матка, леукемија и речиси секаков вид на рак. Поради нејзините својства таа се употребува за намалување на високата телесна температура, против грип и треска, маларија, болки во мускулите, има противвоспалително дејство и делува на зајакнување на имунитетот.
Исто така може да се употребува при воспаление на цревата и артрит.
После разговор со кинески билкар тој ми откри дека сè уште го користеле како билка против хемороиди, и најново дека го користеле во борба против Корона вирусот поради тоа што се употребувала пред многу години во Кинеската медицина како средство против треска и маларија.
Лично не би препорачал да се меша во комбинации со други билки бидејќи е доволно моќна да го реши проблемот.
Рецепти:
1. Чај за потешки болести: 1 кафено лажиче пелин се попарува со 250 мл зовриена вода. Стои 30 мин па се пие по 1 шолја, 30 мин пред јадење, 3 пати дневно.
2. Чај против корона: 1 кафено лажиче со 250 мл се прелева стои 20 мин и се пие 2 пати дневно.
3. Како превенција од наведените болести: 1 супена лажица билка се прелева со со 250 мл зовриена вода. Стои 20 мин па се пие по 1 шолја дневно.
ВАЖНО: Поради различните алкалоди што ги содржи билката мора да се прават паузи со неа. Се пие 7 дена па се прави пауза од 3 дена. Не претерувајте со дозите и пијте по потреба! Не се препорачува за доилки и бремени жени и деца.