Баунти се познати чоколатца во чиј вкус уживаат подеднакво сите, а најмногу обожавателите на кокос и чоколадо.
Ако сакате да ги направите сами, испробајте го овој супер едноставен рецепт за кој ви се потребни само 10 минути.
Потребни состојки:
200 мл слатка павлака (или кондензирано млеко
150 г кокос
400 г шеќер во прав
400 г чоколадо (млечно или со поголем % какао)
Постапка:
1.Во еден сад ставете го млекото и додадете го кокосот.
2.Промешајте па додадете шеќер, па сето заедно промешајте го додека да добиете густа кремаста смеса.
3.Излејте ја смесата во калапи или во четвороаголен сад па ставете во фрижидер (или замрзнувач) да се излади и стегне.
4.Потоа извадете ги од калапите или исечете на плочки.
5.Секоја плочка една по една потопувајте ги во растоепно чоколадо, па вратете повторно во фрижидер да се стврднат.