Ако рано навечер си легнувате во кревет, тоа би можело да биде предупредувачки знак дека имате проблеми со срцето, предупредуваат лекарите.
Имено, експертите кои се состанаа на конференцијата во Рим, откриваат дека луѓето кои рано одат на спиење почесто патат од висок крвен притисок. Тие, исто така, имаат поголема шанса да се будат во текот на ноќта.
Експертите велат дека заморот кој го чувствувате рано навечер може да ве предупредува на висок крвен притисок, а легнувањето в кревет нема да ви помогне да го намалите нивото на притисокот.
Високиот крвен притисок или хипертензија, често има незабележителни симптоми. Меѓутоа, доколку високиот притисок не се стави под контрола, може да предизвика срцев или мозочен удар.
На конгресот на Европското друштво на кардиолози била претставена студија од јапонски експерти во кои била анализирана состојбата на 2 400 возрасни луѓе.
Се открило дека високиот крвен притисок влијае врз внатрешниот часовник на човекот, го прави уморен, но не му дозволува добро и мирно да се наспие во текот на ноќта.
-Одењето рано навечер во кревет е поврзано со високиот крвен притисок, независно од се’ останатото. Веројатно станува збор за тоа дека влијае врз внатрешниот биолошки часовник – рекол водечкиот научник на студијата, д-р Нобуо Сасаки.
Меѓутоа, останувањето подолго во кревет нема да го намали притисокот, ниту ќе им помогне да се наспијат.
-Раното одење в кревет може да биде знак за хипертензија. Но, ако одете во кревет порано или подоцна, тоа нема да го промени нивото на крвниот притисок – вели д-р Роји Озоно.