Ова е познато старо македонско јадење. Потребни состојки: 500 г мелено месо, 1 кг кромид, 2 компири, 1 чешне лук, 1 лажичка црвен пипер во прав, 1 лажица доматно пире, 2 ловорови листови, сол и цен пипер по вкус

Постапка: Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на малку маслиново масло. Додадете ловоров лист, доматно пире и црвен пипер. Динстајте додека кромидот да се омекне и распадне. Во меленото месо додадете ситно сечкано лукче и варен испасиран компир.

Правете ќофтиња и пропржете ги додека да заруменат. Пржените ќофтиња наредете ги во тепсија и прелијте ги со сосот од кромид. По желба можете да додадете уште дотен сос. Печете ги еден час во рерна загреана на 180 степени, под капак или фолија, а пред крај тргнете го капакот за да се запечат.

recepti.com