Плазма кексите во комбинација со еурокрем… многу лесна подоготвка, децата ќе ја обожуваат, ама ни возрасните нема да останат рамнодушни!

Потребни состојки:

1 кг шлаг
300 г мелени плазма кекси
200 г еурокрем
1 шише газирана вода

Постапка:

Изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода. Кога ќе добиете цврст шлаг, додајте мелена плазма (или мелени бисквити по ваш избор), па добро промешајте.

Добиената смеса истресете ја врз тацна за сервирање, па обликувајте како кора со димензии по ваша желба.

Потоа, повторно изматете 400 г шлаг со 300 мл газирана вода, па во овој шлаг додајте го еурокремот. Добро премешјте, па со добиениот крем премачкајте го првиот слој.

Преостанатите 200 г шлаг изматете ги со 150 мл газирана вода. Со добиениот шлаг премачкајте ја целата торта, одозгора и од страните. Декорирајте по желба.

Тортава ја имам правено безброј пати и можам да ви кажам дека е предобра! Гостите се воодушевени, постојано ме прашуваат што има внатре, не можат да откријат. Тортата се изедува за еден ден..