Во недостиг на купечки, дефинфектантот за воздух можете и сами да си го направите, но ќе биде потребно почесто да го користите, бидејќи е природен, па ефектот му е нешто пократок.

Поради моментната состојба со корона вирусот и важност од честото миење на раце, течните сапуни и средствата за дезинфекција станаа многу важни, а поради големата побарувачка понекогаш е многу тешко да се пронајдат на полиците од продавниците.

Освен дезинфекција на рацете, уште една важна ставка на која мора да обратите внимание, е да го чистите просторот во кој престојувате.

Се препорачува користење на средства кои се на база активни материи, како што се етанол, натриум хипохлорит, глутарлдехид, изопропанол, бензалкониум хлорид и натриум хлорид.

Во дезинфекција на просторот, но и во освежувањето на просторот можат да ви помогнат и природните освежувачи со есенцијални масла. Станува збор за една опција во која ќе бидете апсолутно сигурни дека тоа ќе биде дело на вашите сопствени раце.

На тој начин ќе знаете дека имате производ кој не содржи опасни хемикалии, а кој ќе ви помогне да го прочистите воздухот во вашиот дом. Том ќе биде чист, свеж и со пријатен мирис.

Постојат повеќе варијанти за изработка на домашни освежувачи, но ова е еден од најчестите рецепти кои го споделуваат поддржувачите на домашно приготвените производи.

Потребни состојки: Една чаша вода, две големи лажици медицински алкохол, 15-20 капки есенцијално масло со антибактериски својства по личен избор (евкалиптус, чемпрес, лаванда, лимон, лимета, мајоран, чајно дрво, нане, камилица, рузмарин, жалфија, сандаловина, циметов лист) и шише со распрскувач.

Постапка: Во шишето со распрскувач измешајте ги сите состојки. За да спречите потенцијално истурање, користете инка. Добро протресете и вашиот освежувач е подготвен за употреба.

Бидејќи есенцијалните масла имаат тенденција да пливаат на површината, секогаш протресете го шишето со распрскувач пред употреба.

Вистина е дека природниот освежувач има пократко дејство од купечките, но решението на овој проблем е решливо и многу едноставно – користете го малку почесто.

На крај, не заборавајте дека освежувачите се само помошници, а клучно е да се проветрува просторијата и да се одржува хигиената. Почесто отворајте ги прозорите, вклучувајте вентилација и темелно чистете го и дезинфицирајте го домот.