Малата Инеа е храбро мало девојче кое уште со своето раѓање се соочи со големи проблеми во животот. Родена во соседно Косово судбината ја носи во Zan Mitrev Clinic по барање на нејзините родители.
Ја запознаваме првин нејзината мајка која видно загрижена ја гушка малата Инеа велејќи: „Сега е добро. Сега е многу подобра.
Благодарам на сите. Доктор Митрев направи чудо со моето дете за тоа вечно ќе му бидам благодарана.“ – почнува да раскажува оваа загрижена мајка која дури и со доза на неверување се радува на позитивните промени што ги има кај нејзиното бебенце десетина дена по направената операција.
„Сигурна сум дека е подобра. Чувствувам дека е така. Ја чувствувам Инеа по дишењето, по стисокот на нејзината рака врз мојот прст, по желбата за храна, едноставно знам дека ќе биде многу подобра, а толку многу маки видовме и страв кој ни се всади во коските “ – вели мајката на Инеа која се навраќа на месеците изминати во страв и очајно барање спас за своето дете.
Деновите на ризик и неизвесност се одминати. Инеа сега се опоравува од комплицираната операција којашто ја изведе доктор Жан Митрев со својот тим. По ова работата во свои раце ја зедоа педијатрите во педијатрискиот дел за интензивна нега во нашата клиника.
Доктор Ѓорѓи Филев, педијатар во нашата клиника, појаснува дека Инеа во нашата болница дојде во многу тешка состојба, состојба која бараше итна интервенција без одлагање.
Инеа е 6 месечно доенче кое дојде во нашата болница поради тешкотии во дишење, болки во градите, замор и слабо напредување во телесната тежина. По приемот во нашата болница следеа низа детални испитувања кои вклучуваа лабораториски иследувања, ехо на срцето како и компјутерска томографија на срце со што се потврди дијагнозата
аномален излез на коронарна артерија од пулмонална артерија. Како последица на ова срцето се оштетува, ослабува неговата функцијата и станува проширена. По комплетирањето на сите испитувања се постави индикација за оперативно лекување кој вклучуваше реинплантација (пресадување) на коронарната артерија од белодробното стебло на правилната позиција, на почетниот дел од аортата, исто така се корегираше и белодробната артерија со перикарден пач – објаснува доктор Филев.
По тешката операцијата за Инеа предстоеше период на престој на Интензивното одделение каде се следеа сите нејзини витални парамети, беа вклучени бројни лекарства кој ја поддржуваа работата на срцето, дишењето, работата на бубрезите.
Малата Инеа добро се избори со оваа состојба и како се подобруваше нејзината состојба така постапно се исклучуваа сите терапии и лекарства кој се применуваа кај нејзе. Прво се исклучи поддршката од механичката вентилација, а потоа и сите лекови кој служеа за да се стабилизира работата на срцето.
Брзо потоа Инеа почнавме да ја храниме прво со мала количина на млечна формула која постапно се зголемуваше, велат педијатрите. Се отпочна и со физикална терапија за да се подобри дишење и циркулацијата во целото тело. Кога целосно се стабилизира состојбата Инеа се поврза со мајка и, и веќе бевме сигурни дека Инеа е во сигурни раце.
Инаку АЛКАПА сондромот или познат како Bland-White-Garland syndrome е ретка вродена срцева мана која се појавува кај 1 од 300.000 живородени дечиња и опфаќа 0,25% од сите срцеви мани.
Се карактеризира со недостаток на крв во срцевиот мускул кој доведува до срцев инфаркт и срцева слабост и ако не се лекува 90% од пациентите завршуваат фатално. Затоа раното дијагностицирање и хируршки третман е од извонредна важност за заштита на срцевиот мускул и нормален живот за овие пациенти – појаснува доктор Филев.
Инеа замина во својот дом каде во прегратките на своето семејство успешно закрепнува. Ние, од Zan Mitrev Clinic, и посакуваме многу здравје, среќа и безгрижно детство. Инеа биди храбра и силна како и до сега, ние секогаш ќе бидеме тука за тебе.