Јогуртот освежува, омекнува и ја зацврстува кожата. Во комбинација со шченкарното брашно (ли палента) претставува одлично природно средство кое ги елиминира изумрените клетки од горниот слој на кожата.
На тој начин се спречува нејзино стареење и предвремено појава на брчки. Во продолжение на текстот дознајте како да направите одличен домашен пилинг од јогурт и пченкарно брашно.
Потребни состојки:
2 супени лажици јогурт
1 супена лажица палента или пченкарно брашно
Постапка:
Добро измешајте ги состојките додека да добиете еднолична смеса. Смесата ќе ја користите како маска за лице.
Добро извадете го мејкапот од лицето. Потоа маската со нежни и кружни движења нанесете ја на влажното лице.
Нанесете во подебел слој и оставете да делува околу 20 минути или додека да започне да се засушува.
Потоа исплакнете ја со млака вода и нанесете хидрантен крем. Постапката се повторува двапати седмично.