Дали вашите килограми и натаму се зголемуваат иако го намаливте внесот на калориите? Дали имате проблем со желудникот?

Иако можеби звучи неверојатно, но доколку често патите од дигестивни проблеми, многу е веројатно дека вашето ниво на шеќер во крвта е покачено над нормалното.

Да бидеме попрецизни, високиот шеќер во крвта не влијае само кај дијабетичарите.

Всушност, секој е подложен на вакви скокови на шеќерот во крвта по консумирање на одредена храна, а особено намирници кои се богати со јаглени хидрати и рафиниран шеќер.​

Кога подолг период во организмот нивото на шеќерот во крвта не се регулира, односно е високо, може да се случат сериозни здравствени компликации.

Постојат неколку фактори кои придонесуваат за високо ниво на шеќер во крвта. Некои можете да ги контролирате, а некои не. Најчестите виновници за оваа состојба се:

-лоша исхрана

-стрес

-физичка неактивност

-одредени лекови

-некои здравствени проблеми

Како да препознаете дека нешто не е во ред во вашиот организам, односно дека инсулинот не си ја врши својата функција оптимално?

Високото ниво на шеќер во крвта може да се препознае по голем број симптоми, меѓу кои:

Како што веќе споменавме, високиот шеќер во крвта не значи и нужно дека имате дијабетес. Тоа е само еден симптом на дијабетесот. Високото ниво на шеќер во крвта може да се препознае по голем број симптоми, меѓу кои:

-сува уста

-жед во поголемиот дел од денот

-честа потреба за мокрење, особено навечер, за време спиење

-честа глад

-хроничен замор

-сува кожа и јадеж

-дебелеење и вишок масно ткиво околу стомакот

-слаба концентрација

-замаглен вид

-чести инфекции

-неугодност во желудникот

-проблеми со нервите

-потешко зараснување на рани

-импотенција

Доколку ги имате овие симптоми или се сомневате на висок шеќер во крвта, задолжително посетете лекар и направете ги потребните тестирања.

Ако нивото ви е на висока граница, не започнувајте веднаш со лекарства, туку сменете го стилот на живеење и започнете да се храните правилно.