Бев многу млада кога започнаа да ми се појавуваат брчки, имав неполни 33 години. Во тоа време си мислев дека вечно ќе изгледам младо. Кога почнаа да ми се појавуваат брчките на челото и околу очите, бев многу разочарана.
Мајка ми и баба ми имаат убава затегната кожа, што значи дека не е до генот, туку до мене. Многу слабо пиев вода и не водев сметка околу здравата исхрана.
А потоа еден ден и се пожалив на баба ми и таа ми откри еден неверојатен трик кој ми го промени животот. Ми даде волја целосно да го сменам погледот и третирањето на своето тело.
Баба ми ми откри рецепт за маска за лицето, но ми напомена дека убавината освен надворешно, мора да се негува и внатрешно.
Оттогаш започнав да пијам повеќе вода, чаеви и свежо цедени сокови, како и да внимавам на исхраната. Навистина вредеше ова просветлување. Сега имам 45 години, а сè уште изгледам како да имам мах 30 години.
Еве го рецептот на баба ми. Оваа маска е идеална за кожата, ја храни, ја чисти и ја прави поубава. Состојките од кои се состои се потполно природни и немаат штетни дејства.
Потребни состојки:
1 белка од јајце
1 лажичка сок од лимон
½ лажичка мед
Постапка:
Изматете ја белката додека да запени, а потоа додадете ги останатите состојки и уште еднаш добро промешајте за да се изедначат.
Напомена: За не ми се расипе лимонот, не го сечам, туку го продупчувам, правам една мала дупка од која си цедам сок колку што сакам. Потоа лимонот го завиткувам во проѕирна фолија или кесичка и го чувам во фрижидер. Вака останува свеж уште неколку дена. Инаку, оригиналниот рецепт содржи сок од цел лимон и 4 белки од јајца, но тоа за мене е голема количина. Секогаш си правам свежа маска пред секоја употреба.
Употреба:
Маската е најдобро да се применува после бањање, кога лицето е чисто, а порите се отворени. Во регуларен ден, само измијте го лицето со топла вода или ставете топол влажен пешкир околу 5-6 минути врз лицето, за да ви се отворат порите.
Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете да делува околу 15-20 минути. Потоа исплакнете. Оригиналниот рецепт е со 4 белки и сок од 1 лимон, но јас ја намалив дозата за единечна употреба. Доколку правите поголема доза, смесата чувајте ја во стаклен сад во фрижидер, 2-3 дена.