Погача во вид на прстен и шишарки полнети со спанаќ и сирење

Фото и рецепт: Сониа Андреев

Рецептот и постапката ни го откри нашата драга членка Сониа Андреев во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

1 кг брашно
200 мл млеко (или по потреба, во рецептот се користени 200 мл)
1 свеж квасец
1 мала лажичка сол
1 мала лажичка шеќер
2 белки
5 големи лажици маслиново масло (1 филџан)
3 големи лажици нерастопен путер
Жолчки со малку јогурт за премачкување одозгора

Постапка:

Квасецот се раствора во млако млеко со лажичка шеќер и лажичка брашно. Смесата се промешува за да се изедначи, па се остава на топло 10-тина минути за да се активира.

Loading...

Во брашното се додава сол, двете белки, еден филџан масло и активираниот квасец, па со млакото млеко се замесува тесто. Во текот на месењето се додаваат и три големи лажици путер на собна температура.

фото 1

Тестото добро се замесува, па се остава половина час да одмори. Потоа се премесува и се започнува со изработка.

Добиеното тесто се дели на два дела, едниот малку поголем за погачата и вториот помал за шишарките.

фото 2

Од тестото за погача се развлекува правоаголна кора со дебелина од 5-6 мм.

На едниот крај се нанесува фил и до половина се витка како ролат. Остатокот се премачкува со путер и се сече на ленти од кои ќе се плетат плетенки (види фото 1).

Потоа плетенките се префрлаат преку ролатот, а тој се витка како прстен, да се спојат краевите.

Вториот дел од тестото се дели на 7 топчиња. Од секое се развлекува кора со величина на поголема чинија. На едната половина се нанесува фил (види фото 2).

Кругот се засекува од центарот на кората кон крајот и се започнува конусно да се завиткува шишарката (како корнет).

Погачата и шишарките се редат во плех обложен со хартија за печење и се оставаат околу половина час да одморат.

Потоа се премачкуваат со мешавина од жолчка и една лажица јогурт и се печат во загреана рерна прво на 250 степени неколку минути да се зацрват, а потоа се намалува температурата на 150 степени уште 40 минути.

Фото и рецепт: Сониа Андреев

Loading...