Чадот од цигари остава непријатна миризба која после пушењето во затворена просторија е кошмар за секој непушач. Но, не им годи ниту на пушачите.

Најлошо е што тешко можете да се ослободите од впиениот чад кој се вовлекол буквално секаде, а дури ни проветрувањето не помага.

За среќа има трикови кои успешно ќе го решат проблемот. Со нив можете да го исчистите домот, автомобилот и облеката од непријатната миризба, или барем да ја ублажите.

1.ОЦЕТ ИЛИ ЈАГЛЕН

Во неколку садови налејте малку винска киселина или ставете неколку парчиња активен јаглен, па поставете ги во просторијата во која се пушат цигари. Ако имате деца или домашни миленичиња, садовите ставете ги на повисоко место. Јагленот и оцетот ги впиваат и неутрализираат непријатните мириси.

2.ПАРФЕМ НА СИЈАЛИЦАТА

Испрскајте малку од вашиот омилен парфем на студена сијалица. Кога ќе го вклучите осветлувањето, сијалицата ќе се загрее и во просторијата ќе се ослободи пријатниот мирис од парфемот, со кој барем делумно ќе се прикрие непријатниот мирис од цигарите.

3.ПРИРОДНИ МИРИСНИ ВРЕЌИЧКИ

Ако почувствувате дека вашите модни додатоци како што се ракавиците, капите и шаловите, впиле мирис од цигари, а планирате да ги носите во текот на следниот денот и немате време за перење, оставете ги еден час на отворено да се проветрат, а потоа оставете ги преку ноќ во пластична ќеса заедно со природни мирисни вреќички за плакар.

4.ПЕСОК ЗА МАЧКИ

Во пепелникот истурете малку обичен песок, или уште подобро, мирисен песок за мачки. Тој целосно ќе го отстрани непријатниот мирис од отпушоците, и полесно ќе го исчиститепепелникот.

5.СОДА БИКАРБОНА

Навечер, пред спиење истурете сода бикарбона по тепихот, на гарнитурата за седење и на рабовите од просторијата каде се пушело. Наутро исмукајте со правосмукалка.

6.ПЕШКИР И ОЦЕТ

Прво проветрете ја просторијата а потоа пешкирот или крпата натопете ја во оцет, па 1-2 минути мавтајте низ просторијата. Мирисот од цигари би требало во целост да исчезне.

7.АМОЊАК

Ѕидовите и таваните можете да ги третирате со раствор од амоњак и вода (или било кое средство на база на амоњак). Луѓето често ги занемаруваат овие делови од просториите, а токму на нив најмногу се таложат слоеви од чад. Ако амоњакот не помогне, сепак ќе морате да ја искречите собата. Новата боја ќе ја прекрие старата која го впила мирисот на чад и проблемот ќе биде решен.

8.ЈАБОЛКА

Преполовете јаболка и оставете ги во просторот каде треба да се извлече миризбата од чад. Покрај тоа домот ќе ви замириса на јаболко, што е доста пријатно и освежително.