Ова е навистина најлесниот рецепт.
Потребни состојки: 500 г готови кори, 500 г ситно сирење, 3-5 јајца, 1 шолја од 200 мл јогурт, 1 шолја кисела вода (или обична вода со 2 лажички прашок за печиво), ½ шолја масло и 1 лажичка сол
Постапка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Пригответе го плехот со хартија за печење. Пригответе го преливот: Во еден сад измешајте јајца, јогурт, вода, масло и сол. Мешајте додека да добиете еднолична смеса. Прво малку изматете ги јајцата, па потоа додадете ги останатите состојки.
Отворете една кора врз работната маса и рамномерно наросете ја со малку ситно сисрење. Одозгора поклопете со друга кора и повторно наросете со малку ситно сирење. Продолжете со третата и повторувајте ја постапката до крај, додека да ви се потроши материјалот.
Кога ќе ја ставите и последната кора, полека свиткајте во ролат, а ролатот исечете го на десет еднакви делови или на два прста растојание (прво направете пробни засекувања, а потоа со остар нож сечете).
Како ги сечете парчињата, така редете ги во плехот, со пресечената страна надолу. Наредете ги сите парчиња едно до друго. Внимателно прелијте ги со преливот одозгора, така да секое ролатче добие иста количина прелив.
Ставете да се пече во загреаната рерна околу 40 минути, додека убаво да зарумени. Ова е навистина многу лесен рецепт за правење и нема опасност дека гибаницата нема да ви порасне или нема да успее.
Coolinarika.com