Многу вкусни кифлички кои се топат во уста.
Потребни состојки:
600 г брашно
1 прашок за печиво
200 мл масло
200 мл пиво
околу 200 г џем од кајсии или по желба
За сируп:
400 г шеќер
10 г ванилин шеќер
200 мл вода
и уште:
100 г кокос за валкање на кифлите
Постапка:
Брашното просејте го во сад за месење, па додадете прашок за печиво, масло и пиво.
Замесете мазно тесто кое не се лепи. Нема потреба да го оставате да одмора, бидејќи не содржи квасец за да стасува.
Измесеното тесто веднаш поделете го на 8 делови, а потоа секој дел поделете го на 4 помали. Вкуспно треба да добиете 32 парчиња.
Работната површина нема потреба да ја наросувате со брашно, бидејќи тестото не се лепи.
Формирајте топчиња, а секое топче со оклагија развлечете го во овална кора. Едната половина засечете ја повеќе пати, а на другата половина ставете малку џем, па свиткајте ја кифлата.
Повторете ја постапката со преостанатото тесто. Кифличките редете ги на плех обложен со хартија за печење.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, додека убаво да заруменат, околу 30-тина минути.
Во меѓувреме сварете сируп од вода, шеќер и ванилин шеќер. Варете го од моментот кога ќе зоврие, уште 10-тина минути.
Печените и малку подизладени кифлички натопувајте ги во сирупот, па вадете ги со решеткаста лажица. Валкајте ги целите во кокосово брашно.
Кифлите се многу поубаво откако ќе отстојат два-три дена, па ако сте во можност, темпирајте го времето кога ќе ги правите. Кифличките е најдобро да се чуваат во метална кутија за колачи.
Моје-буре