Од оваа количина излегуваат 16 триаглести крофнички.

Потребни состојки:

240 г просеано брашно
1 лажичка шеќер
1 лажичка сув квасец
1 прстофат сол
1 лажичка ванилин шеќер
1 лажица сода бикарбона
1 лажица маслиново масло
¼ чаша (од 250 мл) млака вода
1 јајце

Постапка:

Прво просејте го брашното, а потоа една по една додадете ги сите набројани состојки по ред.

Со рака замесете убаво мазно тесто што не се лепи на ѕидовите од садот. Потоа покријте го проѕирна фолија и оставете го на топло да стасува додека да ја удвои својата величина.

Кога тестото ќе стаса, истресете го на набрашнета површина, нежно размесете го и поделете го на два дела. Од секој дел формирајте топка.

Од секоја топка со оклагија развлечете тркалезна форма со дебелина од 5 мм, па пресечете ја на триаголници (осмини). Покријте ги оставете ги малку да стасаат.

Потоа ставете ги да се пржат во умерено загреано длабоко масло додека убаво да заруменат од едната страна, а потоа свртете ги и на другата страна.

Вадете ги врз хартиена салветка за да впие вишокот маснотија, а кога малку ќе подизладат наросете ги со шеќер во прав.