Со години на социјалните мрежи се полемизира дали организмот може да биде алкален или кисел. Науката вели дека крвта мора да биде неутрална, до благо алкална (7,35-7,45), а пак нашата кожа има малку кисела средина, околу 5,5, додека вагиналната рН средина е 4.5
Ако дојде до големо скиселување на крвта, тогаш организмот умира. Во телото имаме задолжено различни пуфери кои ја одржуваат рН вредноста на организмот, меѓутоа кога живееме стресен живот, поради нездрава исхрана или некоја траума, доаѓа до пореметување на рамнотежата, особено на кожата и мускулното ткиво.
За да бидеме здрави, добро да се чувствуваме и со леснотија да ги извршуваме секојдневните задачи, треба да ја одржуваме оваа рамнотежа. И поради најмало поместување од оваа вредност, започнуваме да се чувствуваме уморни, безволни, подуени и воопшто, лошо.
Со воведување на здрава исхрана може да се врати рН рамнотежата на нашата урина и нашата плунка.
АЛКАЛНА СУПА – За враќање на рамнотежата и намалување на киселоста на телото, ќе помогне оваа окрепнувачка, здрава и вкусна супа, која можете да ја јадете како ручек или вечера. Супата не мора да биде обична, во неа можете да додадете свежи зачински билки, ленено семе, оревово, маслиново или масло од диква.
За да биде кремаста, супата можете да ја изблендирате со рачен миксер. Супите се добри и затоа што на малку поинаков начин ќе додадете зеленчук во вашата исхрана.
Можете да си ја зготвите одвечер и да си ја понесете на работа, или кога ќе се вратите дома само да ја подгреете. Бидејќи приготвувањето на добра супа бара малку повеќе време, затоа е добро да си ја приготвите однапред.
Количината на супа во овој рецепт е доволна за неколку денови. Во секој случај, бирајте сезонски зеленчук и во супата долевајте вода во која сте готвеле друг зеленчук. Оваа супа може да стои два-три дена и нејзиното редовно консумирање е голем чекот кон подобрување на општото здравје.
Потребни состојки за алкална супа: 950 мл вода или база од органско одгледан зеленчук, 1 средно голем компир, излупен и исечкан, 1 морков исечкан, 1 корен од морков, исечкан, 1 бела репка, исечкана, 1 стебленце целер, исечкан, 50 г младо кромитче, исечкано, 160 мл масна, кисела павлака и готварска или морска сол по вкус
Постапка: Во големо тенџере сварете 950 мл вода или база за супа. Додадете сечкан компир, а потоа и останиот зеленчук. Гответе на тивок оган околу 15 минути или додека зеленчукот да омекне.
Ако сакате веднаш да добиете густа супа, исклучете го огнот и внимателно смесата ставете ја во блендер или употребете рачен миксер. Додадете кисела павлака и посолете по вкус. Миксајте додека да добиете пире, па украсете со свежи билки и здраво, ладно цедено масло.