Старинска ТОРТА СО ОРЕВИ и богат ванилин крем – се топи во уста

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Се прават две исти кори.

Ова се потребни состојки за 1 кора:

3 јајца
6 филџани шеќер
2 филџани млеко
2 филџани масло
3 филџани мелени ореви
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
6 филџани брашно
малку какао

филџанот кој се користи за мерење е мал филџан за кафе од 60 мл.

За крем:

500 мл млеко
2 пудинг од ванила
250 г маргарин/путер
250 г шеќер
2 шаки мелени ореви

Постапка:

Јајцата и шеќерот изматете ги пенасто, па додадете млеко и масло, а потоа претходно измешаните суви состојки.

Кората испечете ја во калап бр.28. По желба можете да ги натопите корите со малку млеко.

За крем: Во половина литар млеко сварете ги двата пудинзи од ванила, колку да се згусне кремот. Кога ќе излади, во него додадете претходно изматен путер со шеќер и две шаки мелени ореви. Убаво изматете да се соедини кремот.

Редење: Кора – фил – кора – фил и одозгора наросете мелени ореви.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Претходна статијаСируп против сува кашлица, кога ве гребе грлото и не ви дава да заспиете
Следна статијаСупа која ја намалува киселоста на организмот: Спречува тешки болести, го јакне организмот!