Фото и рецепт: Зорица Стајиќ
Овој рецепт е познат како Тибетски чај за долговечност.
Служи како заштита од стрес и го продолжува животниот век. Има исклучително пријатен вкус, па ви предлагам да го пробате и почесто да го консумирате.
Доколку имате болки во стомакот поради лошо варење на храната и гасови – ќе ги смири и намали грчевите. Освен тоа, ќе ви го подобри расположението и ќе го зголеми имунитетот.
Потребни состојки:
2 литри вода
1 лажичка рендан ѓумбир
2 лажици мед
2 лажици сок од лимон
1 прстофат анасон (семе)
1 прстофат лут црвен пипер (чили, мелен или толчен)
Постапка:
Ставете да се загрее водата и да проврие околу 5 минути. Тргнете ја на страна и оставете да излади. Додадете ги останатите состојки, па убаво промешајте.
Овој напиток се пие во текот на денот, а најдобро е да испите по една ваква шолја (200 мл) пред секој оброк. Оваа количина е доволна за 3 лица.
Остатокот од напитокот чувајте го во термос или во шише, во фрижидер.
Фото и рецепт: Зорица Стајиќ