Дали и вие спаѓате во оваа група?
Според студијата направена на Харвард, жените кои се љубители на цвеќиња имаат подолг живот и подобро ментално здравје.
Во ова истражување учествувале 100.000 жени во период од 8 години, за да се оцени како живеењето меѓу билки влијае врз квалитетот на живеењето.
Според она што научниците можеле да го утврдат, жените кои чувале цвеќиња и билки имале и поголемо искуство и знаење, бидејќи повеќе се интересирале на таа тема. Исто така, овие жени повеќе се дружеле со луѓе со слични интереси со кои ги споделувале своите искуства.
Меѓу другото, овие жени биле и повеќе физички активни, веројатно поради работата во градината и опкружувањето со добар кислород.
Смртноста кај овие жени било забележано дека е за 12% помала од оние кои не живеат со растенија во нивниот дом.
“Бевме многу изненадени од тоа колку е поврзана изложеноста на растенијата со намалување на стапката на смртност – изјавил истражувачот д-р Питер Џејмс.
“Уште повеќе бевме изненадени од влијанието на растенијата врз менталното здравје, како и врз респираторното здравје. Исто така, забележано е дека кај овие жени за 13% е понизок ризикот од добивање на канцер, доколку имаат растенија во нивниот дом.
Нашето истражување само ја потврдува поврзаноста на билките со луѓето и бенефитите од таа поврзаност – Заклучува д-р Џејмс.