Фото и рецепт: Снежана Кнежевиќ
Брз и вкусен појадок. На овој начин лепчињата најмалку впиваат масло.
Потребни состојки:
5-6 јајца
200 г ситно сирење
500 мл млеко
1 лажичка морска сол
2 лажици маслиново масло
11 парчиња леб
1-2 лажички оригано
кечап, сирење, јогурт, кефир, доматен сок како прилог
Постапка:
Исечете го лепот на парчиња, а доколку веќе имате исечен, уште подобро. Во одговарачки сад искршете ги јајцата, додадете сол и изматете со виљушка.
Додадете сирење, млеко и масло и само уште еднаш промешајте за да се соедини. Натопувајте ги парчињата леб, па свртете ги да се натопат и од другата страна.
Лебот редете го во плех обложен со хартија за печење. Наросете го одозгора со оригано. За тоа време, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Ставете го плехот во рерна и печете го лебот додека да зарумени. Кај мене се готови за 10 минути, бидејќи користам вентилатор со топол воздух.
Пржените лепчиња извадете ги од рерна, покријте ги и оставете ги малку да подизладат. Послужете ги со прилог по желба. Ние користевме домашен кечап.