Рецептот го добив и веднаш го испробав. Брзо се прави, а уште побрзо се јаде. Со вкусот потсетува на Рафаело топчињата.

Потребни состојки:

500 мл млеко
40 г кокос
60 г брашно
80 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 лажица путер

За наросување:

Малку сечкани несолени фстаци или сечкани печени лешници и малку кокос.

Постапка:

Во еден сад ставете ладно млеко, кокос, шеќер, ванилин шеќер. Полека додавајте го брашното и убаво изматете со жица да нема грутчиња.

Потоа садот ставете го на оган да проврие со постојано мешање. Кога ќе се загрее додадете го путерот и мешајте да се растопи.

Смесата излејте ја во 4 помали садови (од 150 мл).

Секоја прекријте ја со проѕирна фолија и изладете неколку часови во фрижидер.

Одозгора наросете со ситно сечкани несолени фстаци или со ситно сечкани печени лешници и со малку кокос.