Најголемите причинители за “расцветана” коса се топлина, ветер, сувост и недоволна масленост на косата. Еден од начините да се ослободите од испуканите врвови е секако да ги отстраните.

Поткаструвањето на косата не е секогаш најдоброто решение, особено кога се обидувате да ја пуштите долга косата. Затоа, ова едноставно решение ви нуди да ја излекувате косата на целосно природен начин.

Методот со јајцето е еден од најдобрите лековити средства кои ќе и помогнат на вашата коса повторно да биде здрава…

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

1 жолчка
2-3 лажици маслиново/бадемово масло
1 лажица мед

Постапка:

Количините на состојките зголемете ги ако имате долга коса. Убаво измешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Убаво нанесете ја по должината на целата коса и оставете да делува најмалку половина час.

Потоа исплакнете со млака вода (не топла!) и исперете ја со вашиот шампон. Завршете со раствор од винска киселина. Не се грижете за оцетот, нема да мириса, зошто по некое време испарува. На врвовите нанесете некое хранливо масло или силиконски капки.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

1 јајце
1 лажица бадемово масло

Постапка:

Измешајте ги состојките и зголемете ги количините според потребите. Смесата нанесете ја на влажна коса и оставете да отстои барем половина час. Потоа исплакнете ја со млака вода и исперете ја со шампон.

Овие маски за коса со јајце не само што ја лекуваат косата, туку ја разубавуваат и и’ даваат убав сјај и еластичност.