Home Рецепти Пилешки шницли на компир – вкусен ручек, прсти да излижеш

Пилешки шницли на компир – вкусен ручек, прсти да излижеш

Со супа или салата, одлична идеја за ручек!

Потребни состојки: 500 г пилешко филе, 750-800 г компир, сув зачин, црн пипер, 2 јајца, 200 мл кисела павлака, 50 мл масло и 20 г путер

Постапка: Компирот излупете го, измијте го и исечкајте го на тенки плочки со дебелина од половина центиметар. Посолете ги малку и наросете со сув зачин и црн пипер во прав.

Пилешкото месо исто така, исечете го на тенки шницли и зачинете ги со сол, сув зачин и црн пипер.

Огноотпорниот сад или некој друг пекач, намастете го со путер. На дното рамномерно наредете зачинет компир и наросете го со малку масло.

Преку компирот наредете ги пилешките шницли, а потоа садот покријте го со капак или алуминиумска фолија.

<

Ставете да се пече околу 35 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Потоа садот извадете го од рерна.

Тргнете ја фолијата или капакот. Изматете ги јајцата со павлаката и со тоа прелијте го јадењето. Вратете го во рерна без капак да се допече уште 15-тина минути на температура од 180 степени, додека убаво да зарумени.

Јадењето е готово за послужување. Со некоја супа или салата, ова е одлична идеја за ручек!