Последната генерација пионери во Југославија положи заклетва во 1989 година на 29 ноември. Недолго после тоа државата започна да се распaѓа, а луѓето меѓусебно да се убиваат. Многумина од тоа време не го испочитуваа дадениот збор.
Дали се сеќавате на што се заколнавте кога имавте 7 години?
Преку Сојузот на пионерите децата се учеа на патриотизам, на почит, ја учеа историјата за Народно-ослободителните борби, учествуваа во вежбите кои заедно беа наречени НННИ (Ништо не смее да нè изненади).
Како пионер, детето беше должно да учи и да помага за унапредување на училиштето, да учестувува во пионерските состаноци и конференции, да си игра и забавува со своите другарчиња, да го негува патриотизмот, да ги следи актуелните настани во земјата и светот, да учествува во прослави и манифестации, да учествува во научно-популарни и образовни активности, културно-уметнички и спортски активности и да оди на организирани излети и кампувања.
Зачленувањето во Сојузот на пионерите, како што се сеќаваат членовите, се случувало во прво одделение основно училиште, на Денот на републиката (29 ноември).
Тогаш учениците ја полагаа Пионерската заклетва и добиваа пионерска униформа: Сина капа со петокрака ѕвезда со црвена боја – „титовка” и црвена марама која се носеше околу вратот. Исто така, се носеше бела кошула или блуза и темносини панталони и сукња.
Се добиваше и пионерска значка и пионерска книшка.
А потоа, пред родителите и државното знаме се полагаше свечената заклетва:
ПИОНЕРСКА ЗАКЛЕТВА
„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.
Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“
Последната генерација пионери во Југославија положија заклетва во 1989 година на 29 ноември.