Видео рецепт: Јелена Петровиќ

Потребни состојки:

300-350 г брашно
1 јајце
20 г квасец
50 мл масло
150 мл млеко
1 лажичка шеќер
1 прсофат сол

за фил:

100 г сирење
1 лажица кисела павлака
150 г шунка
1 белка од јајце

за премачкување:

1 жолчка
семе од сусам
крупна сол
ким

Постапка:

Во подлабок сад ставете брашно, додадете го активираниот квасец со шеќерот, јајцето, додадете масло, млеко, сол и замесете помеко тесто.

Покријте го и оставете го на топло да стасува околу 20 минути или додека да се удвои.

Тепсија (26 см) намастете ја и обложете ја со хартија за печење. Истресете го тестото во тепсијата, па си намастени дланки притиснете го од сите страни за да ја исполни тепсијата.

Во средината ставете изматена павлака со сирење и една белка, па смесата развлечете ја на средината од погачата.

Одозгора наросете сечкана или рендана шунка. Тестото одвојувајте го од ѕидовите на тепсијата и правете крупни витки (не мора).

Премачкајте го тестото со жолчка и наросете го со семки и сол. Оставете да одмори 10-тина минути.

За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ја погачата да се пече околу 40 минути.

Кога ќе биде печена, погачата покријте ја 20 минути да одмори, па сечете ја и послужете ја. Многу е вкусна и мека.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: