Православните христијани денес го одбележуваат еден од најтажните датуми – Собор на Светите Седумдесет Апостоли, посветен на сеќавањето на страдањето на апостолите Стахиј, Амплиј, Урван…
Сите овие светители денес се пример за искрена и длабока љубов и посветеност кон Бога.
Се верува дека сите денес кои ќе се најдат во неволја треба да им се обратат на овие апостоли со молитвата:
„Свети апостоли, молете го милостивиот Бог, да ни ги прости гревовите на душите наши.“
Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5).
Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66).
И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на дванаесетмината во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот.
Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносната љубов кон воскреснатиот Господ ги направи победници на светот и наследници на Небесното Царство.
Нивните имиња се: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелистите, Клеопа, Симеон, Варнава, Јосија (Јуст), Тадеј, Ананија, првомаченикот Стефан;
Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим;
Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Крисп, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван (Урбан), Наркис, Апелиј, Аристовул, Родион (Иродион), Агав;
Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Лукиј, Јасон, Сосипатр, Олимп (Олимпан), Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент;
Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зина, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артема, Акила, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.
„Свети апостоли, молете го милостивиот Бог, да ни ги прости гревовите на душите наши.“
Според верувањата, на сите искрени молитви ќе им дојде помошта…