Осумдесет проценти од луѓето еднаш во својот живот доживуваат епизода на болка поврзана со грбот, коските или зглобовите.

Причини за појава на болки може да биде лошата постура, седентарниот начин на живеење, генетско наследување, слаба мускулатура, траума, вишок телесна тежина, како и напредната возраст.

Како што старееме, нашите тела полека почнуваат да се трошат и ги покажуваат првите знаци на истрошување. Еден од првите симптоми на овој процес се појавува на коските и зглобовите, кои се многу важни за движењето и ставот на телото.

Колената ја носат целата наша телесна тежина кога стоиме или се движиме. Поради тоа, тие се многу подложни на оштетување со текот на годините.

Ја губат флексибилноста, ‘рскавицата започнува да ја губи еластичноста, да станува крута и порозна, се оштетува и на тој начин ги отежнува секојдневните активности кои еден човек мора да ги обавува.

Ова е еден природен лек, кој се споделува на социјалните мрежи како чудо кое има способност да ја намали болката и да ја подобри виталноста на колената и зглобовите, а со тоа да овозможи слободно и безболно движење.

Потребни состојки:

2 лажици црвен лут пипер во прав
50-100 мл јаболкова киселина
25-50 мл топло маслиново масло
1 лажица рендан ѓумбир

Постапка:

Црвениот пипер, ренданиот ѓумбир и јаболковата киселина додадете ги во претходно загреано маслиново масло. Промешајте ја оваа смеса (најдобро во блендер), додека да се добие фина паста.

Употреба:

Нанесувајте ја оваа паста на болните колена двапати дневно, наутро и навечер. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Црвениот пипер е богат со капсаицин, моќна состојка која ја намалува болката.

Со постојано секојдневно аплицирање ќе почувствувате олеснување во лигаментите и тетивите, а болката во колената целосно ќе исчезне.