Утринава целата територија на државава мрзне што значи насекаде се измерени негативни температури на воздухот.
Најстудено во населените места беше во Берово каде се измерени -12 степени додека на високите места и планините беше и значително постудено кад етемпературите се спуштаа до околу па и под -15 степени а на планинските врвови до околу -20 степени.
Утре се очекува зголемена облачност, што поради ниските температури ќе услови врнежи од снег, особено на повисоките места и планините. Во недела се очекува стабилизација на времето.
Овој поларен студ полека ќе попушта, особено од самиот почеток на следната недела, кога ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и пораст на температурите на воздухот.