Оваа пита со готови кори е толку вкусна и убава, како да сте ја правеле со домашни, тегнати кори. Запишете си го рецептот или сочувајте го во омилени, зошто сигурно повторно ќе ја направите.
Потребни состојки: 500 г готови кори, 400 г ситно сирење, 200 мл млеко, 200 мл јогурт, 150 мл масло, 3 јајца, 1 чаша (од 200 мл) брашно, 2 лажички сол, 1 прашок за печиво и За фил: сирење или нешто по ваш вкус
Постапка: Изматете ги јајцата, па додадете ги по ред останатите состојки: јогурт, млеко, масло, сол и на крај постепено додавајте го брашното со прашокот за печиво. Смесата добро изматете ја за да нема грутчиња.
Врз кората премачкајте 3 лажици од оваа смеса, а потоа ставете втора кора, па повторно прелив. Врз третата кора нанесете сирење, па свиткајте како ролат и наредете во претходно намастена тепсија.
Вака постапете со сите кори додека да се исполни тепсијата. Оставете да отстои околу 20 минути, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.
Отстојата пита ставете ја да се пече во загреана рерна околу 25 минути или додека да добие убава коричка.