Фото и рецепт: Вилинско коњче

Добар, стар и проверен рецепт за кифлички претворен во цветови. Исти вкус, но нов изглед!

Потребни состојки:

500 г мешано брашно
250 мл млако млеко
125 мл масло
½ коцка свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 жолчка за премачкување, ким, сусам

Постапка:

Квасецот издробете го во малку топло млеко, додадете малку брашно и лажичка шеќер. Малку промешајте и оставете го да се активира.

Во брашното додадете сол, масло, топло млеко и активиран квасец, па замесете меко тесто. Оставете го 40-тина минути на топло место да стасува додека да го удвои волуменот.
Стасаното тесто развлечете го во кора, а од неа со чаша сечете кругови.

Помеѓу два круга ставате слама, кашкавал или нешто по ваша желба. Потоа засечете го кругот на 8 места (види фото), а краевите превртете ги за да добиете изглед на цвет.

Вака приготвените цветови редете ги во намастен плех, оставете ги малку да одморат, премачкајте ги со жолчка и по желба одозгора наросете ги со сусам, ким или морска сол.

Печете ги во загреана рерна на 200 степени или според вашата рерна, додека убаво да заруменат. Пред крај можете да врз секој цвет да ставите по една лажица млеко и да ги вратите во рерна на уште неколку минути.