Подварок или растурена сарма, на овој начин има ист вкус како да сте ја направиле од поткиселена зелка во буре.
Потребни состојки:
-Неколку главици зелка
-Сол
-Кеси за замрзнувач
-Ренде за зелка
-Нож
Постапка:
Зелката исчистете ја и изрендајте ја ситно. Посолете ја и малку со рацете изгмечете ја неколку пати. Добро изедначете.
Наполнете ги кесите за замрзнување оставајќи околу три прсти празен простор.
Затворете ги кесите и избоцкајте ги на неколку места од едната и од другата страна.
Наредете ги во некој сад или помало буре, а одозгора ставете решеткаст потиснувач и нешто тешко (може кеса полна со вода или некое шише доколку немате камен).
Одозгора налијте вода колку само да се покрие зелката. Добро затворете и оставете 10 дена на топло. Повремено погледнувајте дали потиснувачот е на свое место или случајно да не се превртел.
После 10 дена отворете и пробајте… фантастично мириса. Време е за еден добар подварок!
Постапката можете да ја погледнете во видеото: