За сите љубели на колачи со мак. Потребни состојки: 3 чаши (од 200 мл) брашно, 200 г мак, 2 чаши шеќер, 1 чаша масло, 2 чаши газирана вода, 1 прашок за печиво. За фил: 2 чаши вода, 400 г шеќер, 200 г посно чоколадо, 300 г мелени ореви, 125 г маргарин, 1 пудинг од чоколадо и 3 ванилин шеќер
Постапка: Две чаши шеќер ставете во еден сад, додадете две чаши газирана вода и една чаша масло, па заедно изматете ги со миксер. Додадете три чаши брашно и 1 прашок за печиво, изматете ја смесата и додадете 200 г мак во зрно. Матете со миксер додека убаво да се соедини.
Смесата поделете ја на два еднакви делови, за да добиете две еднакви кори. Кората се пече во тепсија или плех претходно обложен со хартија, приближно 38х21 см, во загреана рерна на 200 степени. Кога корите ќе се испечат, внимателно одлепете ги од хартијата.
За фил: Во соодветен сад се става една чаша вода од 200 мл, па се додава 400 г шеќер. Заедно се ставаат на тивок оган додека шеќерот да се растопи. Во друг сад се меша пудингот од чоколадо со една чаша вода од 200 мл, па се додава во претходната смеса и се вари со постојано мешање додека да згусне.
Во сварениот пудинг се додава 200 г подно црно чоколадо, 300 г мелени ореви и половина коцка маргарин, 3 кесички ванилин шеќер, па добро се соединува смесата. Кога смесата малку ќе подизлади, се филуваат корите: кора-фил-кора-фил.